fbpx

Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев, тие се против Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, под заложништво на Левица, се против сите стратешки одлуки, против Европа и европскиот пат на државата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ. Напротив, кога на маса беше Европскиот предлог и заклучоците по него, ширеа хистерија, организираа насилни протести.

Заедно со својот коалициски партнер Левица ширеа лажни вести за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа народот со асимилација и бугаризација која не се случи, туку напротив, преговорите со ЕУ започнаа со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет.

Не го поддржаа ниту Договорот со Фронтекс, прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа и се против членството во ЕУ. Уште една потврда за тоа е што не делегираа претставници во работните групи.

Како што се однесуваа кога државата стануваше членка на НАТО, продолжуваат со деструкциите и за евроинтеграциите.

ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица е против секоја важна стратешка и државничка одлука.

СДСМ заедно со народот нема да дозволи државата да биде заглавена, ниту пак да се врати назад.

Последни вести