fbpx

Спасовски од Неготино: Гласот за Стево е глас за продолжување на реформите, продолжување напред кон ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера попладне учествуваше на граѓанска трибина во Неготино каде со граѓаните разговараше за повеќе актуелни теми, како и претстојните избори и потребата од вистински претседател на сите граѓани.

„Граѓаните покажуваат дека се среќни бидејќи ги затворивме најважните прашања, се смиривме со соседите, градиме партнерство, пријателство и таквите политики даваат резултати и ќе даваат се поголеми придобивки за граѓаните.

Затоа до крајот на годината ќе бидеме 30та членка на НАТО, а кон средината на оваа година ќе ги отвориме преговорите за влез во ЕУ. 

Зошто ЕУ и НАТО, затоа што најмоќните сојузи значат повисок животен стандард, нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати“ – порача Спасовски.

Спасовски потенцираше дека изборот на претседател е од исклучителна важност бидејќи само со партнер на граѓаните и поддржувач на концептите на интеграции и напредок, како што е Стево Пендаровски можеме да продолжиме напред.

„За да продолжиме напред мораме да имаме успешни претседателски избори, а тоа значи да го избереме Стево Пендаровски. 

Изборот на кандидатот на Мицкоски не е опција бидејќи ние и мнозинството граѓани избравме да застанеме заедно зад заеднички кандидат. 31 партија, повеќе од 60 пратеници и над 32.000 граѓани избраа да одбереме човек кој е натпартиски кандидат, да покажеме дека претседателот ќе не обединува, ќе води напред кон подобра иднина. А напред можеме да продолжиме само со Стево Пендаровски – заклучи Спасовски.

 

 

 

 

 

Последни вести