Соопштение за јавност
Единствени против стратешките интереси на државата, против европскиот пат на државата се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против членството во ЕУ, а уште една потврда за тоа е фактот што не делегираа претставници во работните групи за уставните измени.
Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев. Тие се против секоја важна стратешка и државничка одлука.
И двајцата не поддржаа ниту почеток на преговорите со ЕУ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа хистерија, организираа протести кои станаа и насилни.
Заедно Мицкоски и Апасиев го лажеа народот за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа со асимилација и бугаризација.
Лагите им потонаа, преговорите со ЕУ започнаа со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет, а тие не го поддржаа ниту Договорот со Фронтекс, како прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки.
Мицкоски и Апасиев по секоја цена настојуваат да го загрозат европскиот пат на државата. Нивната понуда е враќање во минатото, изолација и поделби.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно ќе бидат поразени, а државата ќе продолжи по својот европски пат.
СДСМ заедно со народот нема да дозволи државата да биде заглавена ниту пак да се врати назад.