fbpx

Караванот „Заедно напред!“ утре ќе биде на средби и трибини во Дебарца, Вевчани, Лабуништа и Струга, и граѓански митинг во Охрид

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Централниот караван на „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Дебарца, Вевчани, Лабуништа, Струга и Охрид.

Утре (19.04.2019, Петок), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 11.00 часот во промотивниот штаб на ул.Македонија (до кафе плеј), ќе даде изјава за медиумите.

Потоа, во 16.00 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Дебарца (село Белчишта), а во 17.10 часот ќе се обрати пред граѓаните на Вевчани (Амфитеатар во Вевчани). Во 17.50 часот, Пендаровски ќе биде со граѓаните на Лабуништа.

Во 18.40 часот, заедничкиот кандидат за претседател ќе учествува на граѓанска тибина во Струга, пред Домот на поезијата.

Подоцна, со почеток во 20.45 часот, на градскот плоштад во Охрид, ќе се одржи централниот настан граѓански митинг, каде свое обраќање ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)

Последни вести