fbpx

Насилството од Арачиново е осудено, за разлика од упадот во ТВ21 кога телохранителите на Груевски насилно бришеа материјали

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ, градоначалничката на Арачиново, Општина Арачиново и други политички и општествени субјекти го осудија чинот на насилство во општина Арачиново. Институциите веќе преземаат мерки за расчистување на настанот и лоцирање и санкционирање на сторителите.

Денешната реакција на Христијан Мицкоски и неговата наводна загриженост е неискрена, задоцента и крајно лицемерна.

Истиот тој Мицкоски 10 години молчеше за затворањето на медиумите, за малтретирањето на Томислав Кежаровски, за корупцијата во медиумите со пари од граѓаните, за заробената држава што ја создаде режимот на неговиот ментор, Никола Груевски.

Хидро Мицкоски молчеше мислејќи на своите хидро централи.

Упади во медиуми, напади, апсења и притворања на новинари, закани кон медиуми, беа секојдневие во времето на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, со што нашата држава беше на дното во Европа по медиумски слободи.

Истиот тој Мицкоски не кажа збор кога обезбедувањето на неговиот ментор Никола Груевски, во сред бел ден, во центарот на Скопје упадна во просториите на ТВ21, нападна новинар од овој медиум и насилно му ги избриша снимките.

Денес, по преземените реформи целосно се почитуваат слободата на говор и јавно изразување, експресно се преземаат мерки и се расчистува секој напад врз новинари, се гради партнерски однос со медиумите.

Како резултат на тоа, очигледен е напредокот во унапредувањето на безбедноста и условите за работа на новинарите. Доказ за тоа е и последната ранг листа на „Репортери без граници“ каде што Северна Македонија во 2019 година бележи напредок и се наоѓа на 95 место според индексот на слобода на медиумите, што е скок од 16 места во споредба со 2017 година, последната година од режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кога се наоѓаше на 111 место и земјава беше оценета како „заробена држава“.

Скопје, 18.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести