Соопштение за јавност
Претставници на СДСМ денеска беа рамо до рамо и со граѓаните на Пехчево и Македонска Каменица.
Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски, со граѓаните на Пехчево разговараа за мерките и политики на СДСМ со кој се штити и унапредува стандардот на граѓаните, како и за европскиот пат на државата.
– За разлика од земјите во регионот, кај нас немаше ниту рестрикции, ниту зголемување на цената на електричната енергија. Го заштитивме стандардот на граѓаните во време на глобална економска и енергетска криза со пакет мерки вредни 760 милиони евра. Минималната плата ја покачивме на над 20.000 денари година и пол пред ветеното на изборите. Со новата методологијата за усогласување на пензиите, во септември пензионерите ќе имаат за 25 проценти повисоки пензии. На меѓународен план продолжи напредокот, започнавме преговори со ЕУ после 17 години во чекалната и тоа со заштитен македонски идентитет, посебност и култура, рече Стојчевска.
Рамо до рамо со граѓаните на Македонска Каменица денеска беа Филип Николоски и Милена Стевановиќ, на кои стана збор за одговорните мерки, што ги споредува СДСМ, кои ги потврди и агенцијата „Фич“ којашто во последниот извештај го ревидираше кредитниот рејтинг на државата од негативен во стабилен.
-Според агенцијата “Фич” подобрувањето на рејтингот се должи на: отпорноста на домашната економија кон влијанијата на глобалната криза, макроекономската стабилност која се одржува. Ревидирањето на изгледот на кредитниот рејтинг претставува потврда за спроведувањето на добри политики во услови на глобална ценовна и енергетска криза, истакнаа Николовски и Стевановиќ на средбите со граѓаните во Македонска Каменица.