fbpx

Започна ФРОНТЕКС, македонскиот јазик е втемелен во ЕУ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во нашата држава започна Заедничката операција, под закрилата на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, откако Собранието на 13 февруари го ратификуваше Договорот.

Договорот со ФРОНТЕКС е прв потпишан договор со Европската унија, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, кои со овој документ, се втемелуваат во ЕУ, на исто рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ.

ФРОНТЕКС значи дополнителна заштита на нашите граници, заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја,

СДСМ како одговорна, државотворна партија продолжува со реализација на стратешките интереси, заедно со граѓаните ја обезбедуваме европската иднина на нашата татковина.

Последни вести