Соопштение за јавност
Во интервју за Дневникот на Телевизија Сител претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ
шири лажни вести за делниците на коридорите 8 и 10Д затоа што сите нивни досегашни лаги се демантирани со факти.
-Овие обвинувања кои ги прави опозицијата, ги прави чисто за да држат тема против ваков голем проект бидејќи другите теми веќе и не можат да ги држат. Како кога некој пред една година велеше дека македонскиот јазик немало да биде официјален во ЕУ а се потврди со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС дека имаме македопнски јазик без додавки, фусноти и никакви појаснувања. ФРОНТЕКС вчера почна да се импелментира. Натаму веќе не можат да зборуват. Па зборуваа за асимилација и бугаризација на Македонците со прифаќањето на преговарачката рамк. И таа тема веќе не можат да ја зборуват бидејќи ние преговараме како Македонци со свој идентитет и култура, потенцира Ковачевски.
Зборуваа дека ќе имаме недостаток на електрична енергија во текот на зимата, вие знаете каква хистерија правеа и дека ќе се зголемела цената на електрична енергија, додава претседателот на СДСМ.
-Прво имаме непречено снабдување со електрична енергија, за 50% го зголемивме производството на електрична енергија во државните капацитети,што никогаш не било направено досега. Немаше ценовен шок за граѓаните при што и ја намаливме цената и за 20 отсто за 72 .000 компани кои што вработуваат 98% од работната сила во државата. Потоа зборуваат дека граѓаните нема да можат да се справат со економската криза што се потврди повторно дека е теза која што беше лажна бидејќи имаме историско зголемување на пензиите, досега 16%, а со следното зголемување на пензиите тоа ќе биде 25%. Или со доаѓањето на ова Влада во пеиод од пет години ние имаме веќе 40% зголемување на просечната пензија и 60% зголемување на минималната пензија, минималната плата која беше 8.000 денари сега е 20, 175 денари, просечната плата која што беше 20.000 денари сега е 34.000 денари, порача Ковачевски во интервју за Сител телевизија.