Соопштение за јавност
Централниот караван на „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.
Утре (18.04.2019, Четврток), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 11.30 часот во промотивниот штаб на ул.Македонија (до кафе плеј), ќе даде изјава за медиумите.
Потоа, во 16.40 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Валандово, каде ќе има обраќање пред граѓаните на градскиот парк „Пеонија“, а во 17.30 часот ќе се обрати пред граѓаните на Дојран во градскиот парк.
Во 18.40 часот, Пендаровски ќе биде со граѓаните на Богданци, каде во градскиот парк во Богданци ќе има обраќање пред граѓаните.
Подоцна, со почеток во 20.10 часот, на плоштадот „Слобода“ во Гевгелија, ќе се одржи централниот настан отворена граѓанска трибина , каде свое обраќање ќе има заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)