fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Кичево и Македонски Брод: Странската инвестиција од 205 милиони евра е потврда за успешноста на нашите економски политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска беше меѓу граѓаните на Македонски Брод, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“, каде со граѓаните разговараше за реализираните мерки и политики во делот на економијата.

– СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи постојано презема ефикасни и успешни економски политики што даваат резултат. Минатата година ја завршивме со рекорден износ на странски директни инвестиции, а пред неколку денови се потпиша договор за нова странска директна инвестиција вредна 205 милиони евра, што е најголема странска инвестиција во независноста на нашата држава. Реализираме и стратешки проекти во инфраструктурата, преку изградба на делниците од коридорите 8 и 10 Д, во вредност од 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 650 милиони евра ќе завршат во домашните компании, порача Лукаревска.

Во Кичево меѓу граѓаните беа Размена Чекиќ и Славица Грковска кои порачаа дека унапредувањето на кредитниот рејтинг на нашата држава од негативен во стабилен од страна на агенцијата „Фич“ е дополнителна потврда за успешноста на мерките и политиките на СДСМ.

Последни вести