fbpx

Рамо до рамо меѓу граѓаните на Дебрца и Центар Жупа: Обезбедивме рекордни износи на субвенции за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ, денеска претседателот на партиската комисија за земјоделство, Трајан Димковски беше во Центар Жупа, додека Даниела Рендевска беше меѓу граѓаните на општина Дебрца.

Димковски пред присутните посочи дека СДСМ во изминатиот период постојано покажува што значи партнерски однос со земјоделците.

– Поддршката што ние како Влада ја даваме кон земјоделците е навремена и постојана. Во 2023 година имавме рекордна исплата на субвецнии кои земјоделците, дополнително, воведовме нов модел на субвенционирање со кој за првпат воведовме авансна исплата на дел од субвенциите. За успешноста на нашиот домаќински пристап говори и фактот

Што ние сме земја лидер во регионот по искоритеност на средствата од ИПАРД 2 програмата и се подготвуваме за почетокот на новата ИПАРД 3 програма, каде имаме 62% зголемување на неповратните европски средства, односно нови 97 милиони евра кои стојат на располагање на нашите земјоделци. Тоа е директна поддршка за зголемено домашно производство, истакна Димковски.

Последни вести