fbpx

Хајка на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против коридорите полна со лаги

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираат лаги, водејќи хајка против изградбата на кориодорите 8 и 10Д, најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра.

Една од најголемите и најчести лаги им е лагата дека државата ќе плаќала пенали ако во Собранието не се донесе пакетот закони поврзани со изградба на коридорите.

Бесрамно лажеа дека ќе се кршат работничките права на ангажираните работници за изградбата на овој стратешки проект во којшто 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании.

70 отсто од ангажираните работници ќе бидат од странство е уште една голема лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, иако во Законот за изградба на коридорите во член 11 јасно стои дека се предвидува најмалку 51% од ангажираните ресурси да бидат локални.

Лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е и дека ангажманот на работници од странство ќе биде спротивна на законот. Напротив, во член 13 од Законот за изградба на коридорите јасно е утврдена законската процедура за таквиот ангажман.

ВМРО-ДПМНЕ заради тендери и провизии направи хаос со изградбата на автопатот Кичево-Охрид и ние такво нешто нема да дозволиме да се случи.

Хајката против изградбата на коридорите 8 и 10Д што ја води Мицкоски го покажува неговото заложништво на проруската Левица.

Последни вести