Соопштение за јавност
Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателката на СДСМ Босера Костадиновска Стојчевска заедно со Методија Димовски беа меѓу граѓаните на општина Валандово.
– Валандово предводено од нашиот другар, потпретседателот Перо Костадинов е пример како една мала општина може брзо да се развива, да инвестира во сите населени места и да работи за граѓаните. Тоа СДСМ го покажува тука, но го покажува и низ целата држава, грижејќи се за сите категории граѓани. Поради таквите успешни политики денеска имаме рекордна исплата на субвенции за земјоделците, имаме зголемена минимална плата од 20.175 денари, имаме зголемување на пензиите за 16 отсто за само 18 месеци, порача Костадиновска Стојчевска.
Во општина Гевгелија беа членката на ИО на СДСМ Ана Маркова Данева и Кети Василевска кои порачаа дека СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, успешно се справи со последиците од кризата и постојано презема мерки за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните.