Реакција на изјава на Христијан Мицкоски
Шпицниот Христијан Мицкоски, не може да ја покрие неспособноста, неработата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
За една и половина година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат реализиран ниту проект, гледаме целосна стагнација на над 40 општини.
Освен задолжувања, нови поголеми сметки за граѓаните и раце во медот градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо.
Таков е примерот и со општина Градско.
Не само што не е точно дека Владата предводена од СДСМ не ги поддржува општините туку сосема спротивно ова е влада која најсилно досега инвестира, вложува и реализира проекти во сите, буквално сите општини низ државата.
Во моментов само преку програмата ТАВ се реализираат роекти низ сите општини низ земјава. Завршени се 56 проекти во 56 општини а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината.
Силна инфраструктурна поддршка за општините Владата реализира и со 70 милиони евра со „Проектот за поврзување на локални патишта“.
Дополнително, оваа година со реконструкција на нови 14 локални патишта во 7 општини, а меѓу нив е и општина Градско каде што се реализира обиколницата во Градско.
Факт е само дека општините имаат силна поддршка од Владата а ВМРО ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во историјата на земјата.