fbpx

Рамо до рамо, до победа во Демир Капија: Глас за Европа е глас за сигурна македонска иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со граѓаните на Демир Капија денеска рамо до рамо застанаа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески.

На маалска средба со граѓаните Зечевиќ порача дека пред целото македонско општествo е исправено пред шансата да се заокружи клучната државничка цел за членство во ЕУ која треба да се искористи, да не се влезе во замката на националистите, да не дозволиме да се вратиме назад во неизвесност.

-Ние и како држава и како народ, мора да бидеме на мапата рамноправни европски држави, рамо до рамо со европските државотворни народи. Не е тоа само поради глобалниот план, тоа е поради македонскиот државнички, национален и општествен план. Македонците имаат историска шанса својот посебен македонски идентитет, да го вградат во европскиот и со тоа да го затворат клучното национално прашање и да ја обезбедат иднината. Тоа го носи концептот за европска Македонија. Од една страна европска иднина значи подобар животен стандард, напредок, европски вредности а од друга страна значи обезбеден, сочуван, за навек, македонски идентитет. Тоа е нашиот спас. Затоа е важно да истраеме на вистинскиот, на европскиот пат, да го заокружиме овој процес целосно и до крај. Глас за Европа во Собранието е глас за сигурна македонска иднина. СДСМ е предводник на концептот за европска република и ќе продолжи да ги разобличува промашените пропаганди, да ги трасира победничките политики до нова победа, рече Зечевиќ.

Трајчулески рече дека Демир Капија е пример за успешна општина водена од градоначлникот Лазар Петров од СДСМ.

Успехот што го постиганвме во последните години се базира на заедничко делување, план и напорна работа, што е одлика на македонските социјалдемократи на централно но и на локално ниво.

Граѓаните на Демир Капија добро знаат што значи социјалдемократскиот модел и кои се резултатите од политиките на СДСМ.

За малите семејни винарии и годинава обезбедуваме грант од 10.000 евра, а за прв пат ги помагаме и малите дестилерии со грант од 5.000 евра. Прва земја во регионот сме по извоз на вино, а 29 земја во светот. Трета година бележиме раст кај извозот на флаширано вино. Лидери сме во регионот по искористеност на ИПАРД и затоа ќе ни бидат доделени нови 98 милиони евра, неповратни средства од ИПАРД 3 Програмата за нови инвестиции.

Последни вести