fbpx

Бочварски: Брзото завршување на коридорите има големо значење за економијата, за регионалниот развој, за безбедноста во сообраќајот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Централниот одбор на СДСМ Благој Бочварски во интервју за МИА го истакна стратешкото значење на Коридорите 8 и 10, кои ќе се доведат на ниво на поголема безбедност, на ниво на автопатски решенија, а државата од кружен тек на Балканот ќе стане крстосница.

Јас очекувам конечно да се зафатиме сите со работа, да почнеме да работиме. Ова е проект кој што треба да остави белег и трага за граѓаните, за државата. Ова е проект, не за владата, не на една или две или три политички партии и коалиции, ова е проект на сите граѓани, нагласи Бочварски.

Бочварски истакна дека во овој проект е предвидена фазна градба што значи дека на одредена делница или локација има земјиште кое што е имотно-правно чисто, тогаш таму изведувачот проектира и веднаш влегува со градба, а додека се гради тој дел, продолжува со проектирање со експропријација на останатите делници и продолжува со градба и на останатите делници од на пример секцијата Прилеп- Битола или Тетово-Гостивар.

Овој модел не е доволно познат во државата, но и те како има примена и во околните земји и покажува добар резултат и прогрес на терен. Токму поради тоа е донесен и законот пред некаде 2 години каде што се пропишани процедури на делување и движење се до избор на изведувачот и потоа во останатите фази на реализација. Така што сметам дека наш стратешки и национален врвен интерес час поскоро да ги изградиме пан европските коридори затоа што Македонија веќе време за губење нема, нагласи Бочварски, додавајќи дека досегашниот модел покажал голем број на слабости во реализацијата на проектите.

Компанијата Бехтел согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51 отсто домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, што значи секоја од компаниите овде од Северна Македонија која што смета дека може да одговори на задачите, на предизвикот да влезе да работи за овие делници може секако да влезе во разговори со компанијата Бехтел со цел да се најде на пазарот во однос на овие проекти, рече Бочварски.

Бочварски истакна дека во моментот се работи и на многу други проекти, како делницата Ранковце-Паланка, делницата Градско-Дреново, завршен е превојот Плетвар, се работи на рехабилитација на делницата Битола-Меџитлија така што домашните компании и тоа како имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и во делот на инфраструктурата, но изградбата на коридорите 8 и 10Д е најголем проект каде ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен, да работат заедно со една од најголемите светски реномирани компании.

Во врска со невистините што ги шири опозицијата, Бочварски нагласи дека во договорот нема пенали, туку точно утврдени ставки кои што ќе бидат исплатени и додаде дека веќе е исплатен првиот трансфер во висина од 117 милиони евра кон ЈПДП, кое работи во директен контакт и комуникација со компанијата Бехтел во реализација на останатите чекори и процедури согласно програмата, согласно договорот и согласно законот за Бехтел.

Доколку сакаме проектот за изградба на коридорите да заврши во пократки рокови тогаш е добро да се влезе во корекција на законите или измена и дополнување на законите, што ќе овозможат овој проект да се работи побрзо и граѓаните да имаат можност многу побрзо да ги користат овие автопатски делници. Во законот и во договорот и во програмата за исплата точно е утврдено кои се ставките кои што ќе бидат исплатени. Доколку државата не ги смени законите еве не се донесат законите во Парламентот ние под постојната законска регулатива продолжуваме со работа. И тоа е од исклучително значење да го знаат граѓаните, рече Бочварски.

Верувајте, една или една и пол година доколку заврши порано целиот проект тоа значи многу за економијата, за безбедноста во собраќајот. Колку ние ќе заштедиме на пример со безбедноста во сообраќајот или со бројот на жртви во собраќајот доколку една година или две години побрзо завршиме со реализација на овој проект, 110 километри автопатски делници значат многу во делот на безбедноста на сообраќајот на една земја. И сметам дека за нас стратешки интерес е да ги завршиме час поскоро во делот на економијата. Да не зборувам колкави се ефектите, бидејќи кога ќе ги реализираме овие ефекти, порано, тогаш ќе можат и да се развијат нови економски капацитети во многу региони. Рамномерниот регионален развој, во Битола, во Прилеп, во регионот. Јас затоа повторувам, ајде да отидеме во Битола, во Прилеп или во Тетово и Гостивар, Струга и Охрид, да ги прашаме граѓаните кој им е клучниот и најголем проблем на граѓаните од тие региони. Сите до еден ќе кажат, клучно прашање е решавањето на инфрастуктурата. И ние сме ветиле и сме земале обврска и во програмите на Владата и во законските одредби дека ние инфрастуктурата мора да ја подобриме. Да не се развива и концентрира целата економија во главниот град туку да можеме да ја дисперзираме практично целата економија, порача членот на Централниот одбор на СДСМ Благој Бочварски во интервју за МИА.

Последни вести