Ве информираме дека денес (недела, 14.04.2019) ќе се одржи голем граѓански митинг за поддршка на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, под мотото „Заедно Напред!“.
Митингот започнува со граѓански марш кој ќе започне од пред зградата на Црвениот крст (13.30 ч) и ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје, пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот.
Во 14.00 часот започнува официјалната програма на големиот граѓански собир – митинг на којшто ќе се обратат:
Зоран Заев, претседател на СДСМ;
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија;
Бујар Османи, од ДУИ;
Наумче Мојсовски, спортист, ракометар;
(пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на претседателот на СДСМ, Зоран Заев)
*За непречено да ја извршуваат својата работа, на претставниците на медиумите ќе им бидат обезбедени соодветни акредитации и простор за работа (прес корнер).
Акредитациите може да се подигнат пред почетокот на митингот, од левата страна на бината (непосредно до зградата на Делегацијата на ЕУ)
Најдобро е медиумите да бидат присутни на местото на одржување на настанот најдоцна до 13.00 часот.
За новинарите ќе биде обезбеден простор (press corner), од левата страна на бината, до којшто лесно може да се пристапи (влез позади бина, раскрсница кај НИП Нова Македонија). Дополнително, за камерманите и фоторепортерите ќе бидат обезбедени соодветни платформи/практикабли и непречен пристап до истите (со акредитации).
Го покануваме Вашиот медиум да ги проследи маршот и граѓанскиот собир -митинг на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, под мотото „ЗаедноНапред!“