Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ како дел од хистеријата што ја води против американската компанија Бехтел, со денови бараше Договорот за коридорите да се достави до Собранието и да се разгледува на собраниска комисија.
Сега, од оваа партија со денови бегаат, молчат и не кажуваат на која комисија тој Договор би се разгледувал.
Веднаш штом ВМРО-ДПМНЕ каже, Договорот ќе биде доставен во Собранието и ќе се разгледува на комисија која ќе ја определи ВМРО-ДПМНЕ во ден кој исто така ќе го определи партијата предводена од Христијан Мицкоски.
Но, очигледно на ВМРО-ДПМНЕ поважно му е да шири лажни вести и измислици за делниците од коридорите, отколку суштински да се расправа за Договорот.