fbpx

Рамо до рамо со граѓаните на Кратово и Сопиште: Крстосница на Балканот е национален интерес, нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да направат хаос со коридорите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДММ Марко Михаилоски заедно со Даниела Рендевска беше меѓу граѓаните на Кратово како дел од караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“.

– ВМРО-ДПМНЕ партијата позната по провизиите и промашени проекти за автопати, сега води хајка против изградба на коридорите 8 и 10 Д и против американската компанија Бехтел. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, презема се за да ги надмине блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и овој проект да биде завршен и побрзо и поевтино, порача Михаилоски.

Во општина Кратово беа членката на Извршниот одбор на СДСМ, Милена Стевановиќ и Борис Тунџев.

– Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура, ја унапредуваме ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, правиме системски исчекор за брза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како железници, гасоводи и други важни инфраструктурни проекти. Конечно, со реализација на делниците од коридорите, нашата држава станува вистинска крстосница на Балканот, истакна Тунџев во Кратово.

Последни вести