fbpx

Ставаме крај на високите камати и профит од камати, законски измени по скратена постапка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во образложение на потребата од носење на измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески истакна дека кончено ќе се стави крај на огромните камати и профитите од нив, со што ќе се заштитат граѓаните.

„Овој закон значи крај на огромните камати и огромните профити од камати. Се предвидува кога каматата ќе јад достигне висината на главниот долг, таа да престане да тече, односно да престане да се пресметува. Или, ако главниот долгот е 500 денари, каматата, максималната камата да биде 500 денари. Со ова прекинуваме една пракса, граѓаните да праќаат камати кои се и десет пати повисоки од основниот долг. Дополнително, со предложените измени предвидуваме скратување на рокот за застарување, од 10 на пет години од правосилноста на одлуката“ истакна Митрески.

Митрески посочи дека за овој проблем се запознаени пратениците, запознаен е народниот правобранител и побара поддршка од сите пратеници за носење на законските измени, додавајќи дека ќе следуваат измени и на Законот за финансиски друштва, што ќе ги ограничи трошоците што граѓаните ги имаат при користење на таканаречените брзи кредити.

Последни вести