fbpx

Изградбата на коридорите е од национален интерес, блокадите на ДПМНЕ ќе бидат поразени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10Д е од стратешки национален интерес.

Коридорот 8 влегува во мрежата на главни европски коридори, додека со коридорот 10Д подобро се поврзува југозападниот дел со централниот дел и со главниот град на државата.

Со нивната изградба, државата станува вистинска крстосница на Балканот, а стопанството ќе добие подобро поврзување со уште две пристаништа.

Освен подобро поврзување внатре и надвор, со себе носи и економски придобивки, преку раст на два отсто годишно на БДП, нови 8.000 работни места и најмалку 600 милиони евра директно во домашните компании.

За изградбата на делниците од коридорите да чини помалку и да заврши побрзо, предвидени се измени и дополнувања на пет закони кои веќе се наоаѓаат во соодветна собраниска процедура.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против овој проект и пласираат лажни вести за цената на проектот, како и за законските измени кои се предвидени за негова реализација.

Тоа покажува едно, дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да го блокира и одолговлекува најголемиот проект во инфраструктурата.

Блокадите на овој национален проект од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица мора да бидат и ќе бидат поразени.

Последни вести