fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Карпош Сарај и Чучер Сандево: Заради рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје оди кон банкрот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ, денеска претседателот на комисијата за земјоделство Трајан Димковски заедно со Мухамед Точи беше меѓу граѓаните на општина Сарај.

– За СДСМ земјоделството било и останува клучна стопанска гранка во која постојано вложуваме. Во тек е јавен повик за доделување на 10.000 евра неповратна финансиска помош за земјоделците кои планираат да го модернизираат производството. Од оваа година земјоделците парите од субвенциите ги добиваат авансно, тогаш кога им се најпотребни. Сето ова е само мал дел од примерите за тоа што значи вистинска грижа за земјоделците, посочи Димковски.

Во општината Карпош беа Борис Тунџев и координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се олицетворение на неспособност. По само една и пол година владеење успеаја Град Скопје да го доведат до банкрот, со блокирана сметка, иако кога ја презедоа власта од претходниот градоначалник наследија 13 милиони евра плус на буџетската сметка. Над 100 милиони евра потрошија за 16 месеци, а не реализираа ниту еден проект, ниту пак довршија некој од капиталните проекти што ги наследија. Каде завршија толку народни пари, одговор треба да дадат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, посочи Јанчева.

Фарук Омери и членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска беа во посета на општина Чучер Сандево каде пред присутните истакнаа дека СДСМ продолжува да инвестира во секое населено место со цел да се подобрат условите за живот на сите граѓани.

Последни вести