Соопштение за јавност
САД упати јасна порака до ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на државата, опозицијата да покаже посветеност за остварување на децениската стратешка цел за членство во Европската унија.
Пораката на САД за поддршка на европската иднина на државата доаѓа во време кога успешно тече скрининг процесот, а потребни се чекори во македонското Собрание за продолжување на преговорите со ЕУ до полноправно членство.
Веќе е формирана и експертска работна група за текстот на амандманите за потребните уставни измени како еден од чекорите.
За прв пат блокадата на европскиот пат доаѓа од внатре од земјата, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Левица се единствените кои се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.
СДСМ е предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи за да го продолжиме патот кон Европа.
Со СДСМ по 17 години чекање државата ги започна преговорите за членство во Европската унија, со чист македонски јазик потврден преку ФРОНТЕКС и заштитен македонски идентитет.
Македонската иднина е европска, тоа е стратешки интерес на државата и граѓаните.