Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, претставникот од ДУИ, министер за образование, Арбер Адеми и заедничкот претседателски канидидат, Стево Пендаровски од Тетово испратија порака до граѓаните од преполниот плоштад во Тетово дека, во име на заедничката иднина на сите граѓани во државата, со цел да продолжи изградбата Едно општество за сите, да продолжат евро-атлантските интеграции и економскиот развој, потребно е заеднички да се застане зад кандидатот кој обединува и ги отвора овие перспективи.
За прв пат се обединувме сите зад заеднички кандидат пред почетокот на првиот изборен круг од претседателските избори, од сите етнички заедници во државата, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, други, 31 политичка партија и ја испраќаме пораката дека сме цврсто определени Република Северна Македонија да продолжи да напредува, откако со заеднички сили ја поставивме на вистинскиот пат, е заедничката порака од Тетово.
Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски рече дека најголема чест му е што зад него стојат граѓаните од сите етнички заедници.
-Добровечер, Mirbrama,
На 21.април и на 5.мај да гласаме за оваа опција, да дадеме ветар во грб на убавите работи во последните две години. Им покажавме на регионот и на светот кој е патот овој регион да стане дел од европскиот континент. Да дојдат парите кај народот, да има инвестиции, работни места, да одиме заедно напред, како што е слоганот на оваа кампања, повика претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Тој додаде дека “другата опција е поништување на ‘се што е постигнато, нови тензии, враќање назад – што е катастрофа”.
Претставникот од ДУИ, министерот за образование, Арбер Адеми повика на силна поддршка за Стево Пендаровски.
-Верувам дека граѓаните силно ќе дадат поддршка за Стево Пендаровски, за европска и евро-атлантска држава. Тоа е чест, почит и одговорност кон реализацијата на нашите стратешки цели кон ЕУ и НАТО, повика Адеми од ДУИ.
Тој изрази уверување дека Тетово и цела држава ќе гласа за евро-атлантска Македонија и затоа, како што рече “сме обединети”.
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, се заблагодари за свеста кај сите граѓани и политички партии за важноста на изградбата Едно општество за сите, потребата да се продолжи напред и затоа повика на максимален фокус – изборите да бидат успешни.
-Te nderuar tetovar, Добровечер тетовчани,
Овде чука силата на различностите и е убавината на единството, рече претседател на СДСМ и премиер, Заев кој говорот го почна со поклон кон Тетово и граѓаните, за нивниот придонес во изградбата на мултиетничка заедничка држава.
-Со чест и почит кон сите претседателски кандидати, има само еден кој обединува и сплотува. Ова се многу важни избори, досега, тоа што направивме – си го сплотивме народот, Македонец помага на Албанец, Албанец на Македонец, Бошњак на Србин, Турчин на Ром, сите сме еднакви, имаме деца дома на кои им сакаме подобар живот. Да почувствувате во секое семејство повеќе пари, вработувања, надеж и просперитет, тоа е искуството од членството во НАТО и тоа ќе се случи и во нашата земја дополнително и со почетокот на преговорите со ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.
Тој додаде дека “сите заедници сме заедно, што порано беше мисловна именка”, зашто се ставени интересите на народот над партиските интереси и повика на масовна излезност и гласање за Стево Пендаровски, со заокружување на бројот 3 на претседателските избори.
Митингот во Тетово, помина во позитивна атмосфера и обединувачки пораки.