Соопштение за јавност
Изминатата година се покажа колку е важно знаење и посветеност за менаџирање со енергетскиот сектор, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ одржана во Скопје.
„Пред само 12 месеци глобалната, светка економија беше пред колапс. Недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата донесоа неизвесност и агонија кај секој граѓанин – не само кај нас, туку и во цела Европа. Но кај нас, струја, бензин, храна, парно имаше доволно, а рестрикции немаше. Ги заштитивме граѓаните и компаниите кога беше најтешко“ истакна Ковачевски.
Ковачевски потсети колкава е разликата во инвестициите во енергетиката помеѓу владите на СДСМ и оние на ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати. Само во изминатите година и три месеци, инсталирани се 200 мегавати од обновливи извори, што веќе се вклучени на мрежата“ посочи претседателот Ковачевски.