fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нервозна поради сигурниот и убедлив пораз кој и следува, институциите се подготвени за кристално чисти избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Нервозната ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби за убедливиот пораз кој им следува на претстојните претседателски избори и да се помири дека, денес, институциите функционираат професионално и се спремни да спроведат кристално чисти избори.

Времето кога институциите беа партиски ограноци заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Токму ВМРО-ДПМНЕ е симбол за злоупотреби, заплашувања и изборни нерегуларности.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување корупција и сите надлежни институции да следат, да ја известат јавноста и да реагираат за било какви сомнежи.

 

Скопје, 10.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести