fbpx

Резултати што прават разлика: 270 километри гасовод, прва домашна берза за струја и ТЕЦ Неготино во функција по 12 години пауза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Успешно ја менаџиравме енергетската криза со максимално мобилизирање на сопствените капацитети

АД ЕСМ успешно се носеше со обврската да се справи со енергетската криза и зад нас имаме успешна грејна сезона, оцени во денешното обраќање на трибината „Резултати што прават разлика“ Љупчо Кижевски, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Кижевски истакна дека за успешно менаџирање на енергетската криза максимално беа мобилизирани сопствените капацитети, по 12 години во функција беше ставена ТЦ Неготино, склучен беше договор за откуп од приватната гасна електрана ТЕ-ТО АД, Скопје, ЕСМ го презеде и парното греење во Скопје.

Имаме драстрично намалување на увозот на струја а тоа намалување се должи на зголеменото производство, пред се од страна на АД ЕСМ, нагласи Кижевски, додавајќи дека и во време на криза продолжуваат инвестициите во електроенергетскиот сектор во државата.

Симон Шутиновски од МЕМО истакна дека стравот од недостаток на струја веќе е минато, енергија има, и ги повика сите да се вклучат на домашната берза на електрична енергија, на која пред четири дена започна тргувањето.

Успеавме низ јавна транспарентна постапка добивме партнер кој е секој ден со нас и ќе биде со нас и во следните четири години, тоа е успешност на Владата, РКЕ, ЕСМ и МЕПСО кој е основач на МЕМО, истакна Шутиновски, додавајќи дека на берзата има 22 учесници меѓу кои и големи европски производители и домашни производители на електрична енергија.

Бајрам Реџепи од НОМАГАС, пред присутните истака дека е обезбедена либерализација на пазарот на гас.

Правиме се што е потребно да се создаде добра основа за развој на енергетскиот сектор, интерконекторот е во завршна фаза, 270 километри гасовод, односно цела делница до Битола ќе биде пуштена во употреба, а наскоро и другиот крак до Тетово и Гостивар, мрежата ќе се гради во 41 општина одеднаш, рече Реџепи, додавајќи дека наскоро ќе биде фомирано јавно претпријатие за дистрибуција.

За многу брзо 75 отсто од населението ќе има пристап до гас како алтернатива, порача Бајрам Реџепи од НОМАГАС во денешното обраќање на трибината „Резултати што прават разлика“ во организација на комисијата за енергетика на СДСМ.

Последни вести