fbpx

Успешните економски политики на владата предводена од СДСМ се виновни за развивање на комплекси кај Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Успешните економски политики и реални резултати кои ги води и постигна досега владата предводена од СДСМ , предизвикаа развивање на комплекси кај Христијан Мицковски.

Причините за 10 комплекси кои Мицкоски ги доби , како резултат на успешните економски политики се следните:

1.Минатата година во земјава влезе рекордно ниво на странски директни инвестиции кое изнесува 624,5 милиони евра, што е за 2,6 пати повисок износ во споредба со просекот во изминатите осум години.

2.Во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места во нашата земја со коишто невработеноста падна на рекордно ниски 19,4%.

3.Околу 1.000 нови работни места се отворени само во производствените погони на странските инвеститори.

4.Според бизнис плановите на компаниите оваа бројка ќе расте во следните години до околу 5.000 нови работни места.

5.Околу 200 компании со доминантна домашна сопственост се поддржани во 2018 година преку Фондот за иновации и технолошки развој, со околу 20 милиони евра државна помош. Овие компании вработиле или се во процес на вработувања на 800 лица со просечен износ на плата над 40.000 денари, што е околу 60% над просечната плата.

6.Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со 16,4 милиони евра во 2018 година поддржала 1191 бизниси отворени од наши граѓани кои ја искористиле мерката за самовработување.

7. Министерството за економија поддржа 160 компании преку Програмата за конкурентност, иновации претприемништво, при што исплатени се 760 илјади евра на овие правни субјекти.

8. Оваа Влада издаде лиценци и на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања

9. Преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, завршени се 794 инвестиции на фирми, земјоделци, и инвестиции во капацитети и набавка на опрема со кои беа склучени договори од првиот повик од ИПАРД 2 програмата.

10.Доделени се 424 грантови за поддршка на млади земјоделци.

Мицкоски треба да сфати дека развивањето на неговите комплекси во никој случај неможат да влијаат на реалните резултати од економските политики и заложби на владата во 2018 година .

Оваа година 2019-та, владата ќе продолжи со започнатите и ќе ги дополни со нови економски планови и нивна реализација кои граѓаните веќе ги чувствуваат , а со интегрирањето на земјава во ЕУ и НАТО зголемување на придобивките кои ќе ги има земјава и граѓаните.

Скопје, 10.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести