fbpx

Го праша ли Сиљановска Мицкоски како се набавени скапите лустери што ВМРО-ДПМНЕ ги донира на сомнителен начин во ек на изборна кампања?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска се уште не се изјасни за луксузните лустери што ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стои зад неа, се обидува да ги прошверцува.

Сиљановска во јавноста постојано зборува за правда, но молчи за тоа што ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј имот е замрзат во судски процеси, донира луксузни предмети во ек на изборна кампања.

Го праша ли Сиљановска Мицкоски колку чинат, како се набавени и во кој финансиски извештај се пријавени скапите лустери поставени во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ изграден на грбот на граѓаните, во време на најголема сиромаштија?

Што мисли Сиљановска за имотот на ВМРО ДПМНЕ кој е замрзнат во судски случаи?

Молкот на Сиљановска по овие прашања потврдува дека таа е дел од матрицата на лаги, лажни вести и лажн патриотизам на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Сиљановска сака да биде само новиот Ѓорге Иванов, партиски послушник кој ќе работи по насоки од Будимпешта.

Скопје, 10.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести