fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Аеродром и Велес: ВМРО-ДПМНЕ го носи Скопје во банкрот а другите општини во долгови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ членот на ИО на СДСМ Петре Шилегов заедно со Владимир Анчев беше меѓу граѓаните на општина Аеродром.

– Само една година беше доволна граѓаните да видат што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт. На Скопје му се случува нова катастрофа. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ градот го направија нефункционален, заглавен целосно и пред банкрот. Речиси нема јавно претпријатие што е функционално или пак не е во долгови. Арсовска и ВМРО-ДПМЕ не само што не ги продолжија наследените проекти, туку не реализираа ниту еден свој проект а потрошија најмалку 100 милиони евра. Логично е прашањето каде се парите? Ова е само еден од бројните примери, што значи ВМРО-ДПМНЕ да добие можност да управува со парите на граѓаните. Мостот во Аеродром го направивме целосно и не се пушта во употреба за денеска да гледаме пак хаос во сообраќајот. Ете колку бил потребен и ете колку е потребен. Ако ја довршеа работата мостот на булевар АСНОМ ќе беше сега алтернатива за граѓаните а метежот немаше да постои, порача Шилегов.

Владимир Анчев посочи дека градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски освен што ја бетонизира и задолжува општината, нема реализирано ниту еден свој проект што е во интерес на општината и граѓаните.

Претседателот на СДММ Марко Михаилоски заедно со Даниела Рендевска беше во посета на општина Велес.

– Секаде каде ВМРО-ДПМНЕ е на власт во општините, секаде се случува хаос, неработење и расипничко трошење на парите на граѓаните. Така е и овде во Велес, се трошат милионски суми за вработување на партиски кадри, додека општината се задолжува, а комуналните услуги за граѓаните драстично поскапуваат. Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ доживуваат колапс на секое поле, порача Михаилоски.

Последни вести