fbpx

Пендаровски во Бутел: Ќе бидам претседател на сите граѓани, нема да делам по вера, нација или политичка припадност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на граѓанската трибина со жителите на Бутел, истакна дека оваа општина со децении е пример за тоа како треба да функционира концептот едно општество за сите и заедништвото меѓу граѓаните од различните етнички заедници. и едно општество за сите и порача дека и дека токму тоа влијаму директно ги увидел.

„Овде, во оваа општина, го минав најголемиот дел од животот со луѓе од сите етнички заедници. Мојот слоган е Зедно напред, тоа значи обединување, а не делби. Едно општеттво за сите е концептот што почнавме да го реализираме од 2016 година. Јас ќе бидам претседател на сите граѓани и нема да делам по верска, национална или политичка припадност, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски, нагласи дека оваа генерација политичари се зафатила и ги решава најтешките прашања. Тоа доведе до покана за членство во НАТО и во јуни да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Со ова, рече Пендаровски, нашите политички претставници рамноправно ќе учествуваат во решавање на светските прашања, ниедно прашање за Македонија, нема да се решава без Македонија. Тоа ќе значи отворање на европските фондови, повеќе инвестиции, нови работни места и повисок стандард за сите граѓани.

По Бутел, Пендаровски попладнево ќе учествува на граѓански трибини во скопските општини Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

 

Последни вести