fbpx

Заедно напред утре ќе биде на средби со граѓани и отворени граѓански трибини во Градско, Росоман, Демир Капија, Неготино и Кавадарци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните на Градско, Росоман, Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Во текот на утрешниот ден (09.04.2019, четврток), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе учествува на граѓанска трибина во 14.00 часот во Дом на културата „Крсте Петков Мисирков“, подоцна во 15.00 часот ќе биде на граѓанска трибина во Росоман (Пензионерски дом), каде во 16.00 часот ќе биде со граѓаните на отворена трибина во Демир Капија (во спортска сала).

По средбите со граѓаните и граѓанските трибини, Пендаровски во 18.30 часот ќе учествува на граѓанска трибина во Неготино во Дом на култура „Ацо Ѓорчев“.

Подоцна, со почеток во 20.00 часот, во Кавадарци во Дом на култура „Иван Назов Климе“, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на Кавадарци, каде свое обраќања ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)

Последни вести