Соопштение за јавност
Во гостување во емисијата „Утрински печат“ потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи истакна дека на дело се гледа вистинска силна поддршка од стратешкиот партнер САД, не само за изградбата на коридорите, туку и за целокупниот евроинтеграциски процес на државата.
Поддршката која доаѓа од САД не само за проектот за Бехтел и Енка туку за целиот евроинтеграциски пат доаѓа во право време. Кога се дава поддршка на една држава, во тој момент се дава поддршка на Владата и чинителите кои што ги креираат политиките, ги носат одлуките. Во овој момент актуелната власт е предводена од СДСМ, тоа значи директна поддршка на политиките кои се генерираат од страна на СДСМ и затоа сметам дека таму само тие кои што не сакаат тоа да го слушнат или да го разберат нема да го разберат, но тоа е јасно. Секако ако се даде поддршка на некој друг ќе се даде со име и презиме, ако сметаат дека опозицијата е на правиот пат, би се кажало дека опозицијата е на правиот пат. Но, за разлика од тоа што би можело да се случи, вчера беше јасно дека се дава поддршка на Владата, предводена од СДСМ, на патот кој што е избран, на одлуките кои што се носат, и се повикаа другите чинители кои што се уште го немаат фатено правецот да конечно се одлучат дали ќе ги поддржат евроинтеграцискиот план и дали ќе ги поддржат политиките кои што носат напредок“ порача Битиќи.
Потпретседателот Битиќи истакна дека Собранието треба да ги донесе потребните реформи и ги повика сите пратеници да се приклучат на европскиот пат.
„Вчера на Централниот одбор на СДСМ донесовме одредени заклучоци што се во таа насока. Дека европскиот глас мора да се слушне во собранието, дека тој мора да преовладее и повик до опозициските партии да се приклучат на овој европски глас и конечно да завршиме тоа што треба да завршиме без притоа да го доведеме во прашање ниту едно прашање од национална важност кој што за државата некој би можел да има колебање дека би можеле да го доведеме до прашање на разговор или воопшто преговарање„ заклучи Битиќи.