fbpx

Лицемерниот Милошоски е ист како Сиљановска и Мицкоски, граѓаните паметат како тајно преговараше за името од сложено, посложено здравје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антонио Милошоски е истиот оној кој целата јавност го слушна како тајно преку телефон преговараше ново име на државата, како за него е прифатливо ,,сложено име, посложено здравје” и дека нема проблем да биде Горна, Долна Македонија, во заграда или без заграда Вардар, пред или по Република.

Милошоски е дел од матрицата на лаги, лицемерие и лажен патриотизам, истата матрица на која и припаѓа и Сиљановска која наутро зборува едно, а попладне друго.

Милошоски, Мицкоски и Сиљановска се неодговорни, нечесни и лицемерни кон граѓаните. Затоа, на изборите граѓаните ќе ја поразат таа деструктивна матрица и ќе изберат вистински претседател кој ќе ја засташува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево Пендаровски, претседател кој ќе води напред кон интеграција во ЕУ и НАТО.

Скопје, 08.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести