Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ, државните претпријатија и институциите продолжуваат со мерки и проекти кои имаат за цел обезбедување на чист воздух и здрава животна средина.
Распишан е тендер за реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола во вредност од 20,4 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на АД Електрани на Северена Македонија.
Воедно, оваа инвестиција претставува најголема инвестиција за заштита на животната средина, а средствата се обезбедени преку домаќинското работење на АД ЕСМ.
Електростатските филтри последен пат се модернизирани во далечната 1989 година, а со новата реконтрукција, предивдено е значително намалување на издувот на прашина, што значително ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето во Битола, Новаци и Могила.
Продолжуваат успешните политики на Владата предводена од СДСМ во енергетиката.
Од земја која беше зависна од увоз на струја, преку домаќинско и одговорно работење АД ЕСМ успева да призвесува и продава вишоци на струја.
Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат, чист воздух, развој на енергетиката и ефикасен и стабилен енергетски систем.
Скопје, 08.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА