fbpx

Пендаровски: Да излеземе масовно на гласање за да ги отвориме вратите на Европската унија, заедно да продолжиме напред!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните на Карпош, повика на масовна излезност на престојните избори за да продолжи напредокот на земјата и широко да се отвора вратите на Европската унија.

„Тргна рааботите, се решија најтешките прашања, сега патот е чист, да продолжиме напред. На 21 април и на 5 мај, на избори, да го забрзаме напредокот, дадеме дополнителен легитимитет на политиките кои водат напред кон ЕУ и НАТО. Со нашата масовност да не дозволиме политичките противниците да се коцкаат со иднината на државата, со иднината на младите. Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека се за поништување на се што е направено. Така не можеме да одиме во НАТО, не можеме да одиме ЕУ“, рече Пендаровски.

Тој одговори и на изјавата на неговата против кандидатка.

„ Госпоѓата изгледа во последните години не била во Македонија. Не знае за изборните измами во предметот „Титаник“ на СЈО, и како победата ни беше украдена“, рече Пендаровски.

 

 

 

Последни вести