fbpx

Сиљановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ, таа е иста како Мицкоски, против напредокот на земјата!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гордана Сиљановска, исто како Христијан Мицкоски, зборува секој ден дека Република Северна Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, во јуни.

Исто како Мицкоски и Сиљановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ.

Јасно е, Сиљановска е против напредокот на земјата.

Нејзините желби, како оние на Мицкоски, Иванов и Груевски, нема да се остварат.

Република Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема да има.

Сиљановска, Мицкоски и Иванов треба да знаат дека и покрај опструкциите и блокадите, Република Северна Македонија ќе продолжи да чекори напред, ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе биде полноправна членка на Унијата.

Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе гледа и ќе води напред, ќе го изберат Стево Пендаровски.

Скопје, 08.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести