fbpx

Рамо до рамо со граѓаните на Охрид и Петровец: Коридорите 8 и 10 Д носат раст на БДП од два отсто годишно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска беше меѓу граѓаните на Охрид со кои разговараше за мерките и политиките што СДСМ ги презема изминатиот период.

– По 30 години зборување, конечно почнуваме со работа на изградба на коридорот 8 кој од ЕУ веќе е признаен како европски коридор со геостратешка важност. Освен подобро поврзување на овој дел од државата изградбата на коридорите ќе донесе и дополнителна економска вредност. Станува збор за највисоката инвестиција од 1,3 милијарди евра со која ќе се отворат нови 8.000 работни места, а проектот ќе донесе и раст од 2 отсто годишно на БДП, порача Битиќи додавајќи дека пропаѓаат во вода сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги ширеа за Договорот со Бехтел и Енка.

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Томиќ заедно со Анета Трпевска беше во општина Петровец.

Последни вести