fbpx

СДСМ ја намали цената на струјата, ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми за 100%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со одговорни и успешни мерки и политики во енергетиката, СДСМ го зголеми домашното производство на електрична енергија.

Во време на светска енергетска криза, воведовме нов модел на тарифи за потрошена електрична енергија.

Тарифирањето по блокови донесе помали сметки за електрична енергија за најголем број од домаќинствата.

ВМРО-ДПМНЕ за своето владеење, ја зголеми цената на електричната енергија за 100 отсто во време кога во Европа немаше никаква енергетска криза.

Партијата предводена од некогашниот најнеуспешен директор на ЕСМ, Христијан Мицкоски ја укина евтината дневна тарифа на струјата, а денес се противи на нејзино повторно воведување.

Јасна и очигледна е разликата помеѓу домаќинското и одговорно работење на СДСМ и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која секогаш е против интересите на граѓаните.

Последни вести