Соопштение за јаваност – реакција на соопштението на Град Скопје
Факт е дека Град Скопје е во хаос, со блокирана сметка, јавните претпријатија се во проблеми, под прашање се става функционирањето на јавниот превоз.
Што и да зборуваат градските власти предводени од ВМРО-ДПМНЕ и нивната најдобра менаџерка не може да побие дека ова се случува во последните 18 месеци, откако тие управуваат со Град Скопје.
Поради нивната неспособност и неспособноста на нивните кадри што се на раководни функции и и во управните одбори на градските јавни претпријатија градот е во колапс.
Не само што не ги исполнуваат ветувањата дадени пред граѓаните, како бесплатен јавен превоз, набавка на 250 нови автобуси, мега паркови, туку ги прекинаа наследените проекти како Универзална сала, мостот на булеварот АСНОМ, БРТ.
Скопје и неговите граѓани не заслужуваат ваква неспособна градска власт.