Соопштение за јавност
СДСМ како одговорна партија е посветена на заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата.
Македонскиот јазик е заштитен и потврден и во Европската унија.
Доказ за тоа е потпишувањето на првиот договор со ЕУ, договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата.
Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик со започнување на преговорите за членство во Европската унија.
Нема никава бугаризација, ниту асимилација како што лажеа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ го обезбеди и заштити македонскиот јазик и во ЕУ.