Соопштение за јавност
Во рамите на теренските активности на СДСМ под мотото„Рамо до рамо до победа“ денеска на средби со граѓаните во општина Центар Жупа беше потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски.
Ние сме посветени на заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата, со чување и потврда на јазикот го чуваме нашиот идентитет и посебност, истакна Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека македонскиот јазик стана рамноправен со сите јазици на Европската унија, потврда за тоа е потпишување на првиот договор со ЕУ, договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии кои ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик со започнување на преговорите за членство во Европската унија.
Потпретседателката Костадиновска Стојчевска нагласи дека предлог-законот за употребата на македонскиот јазик влегува во собраниска процедура и потенцира дека тој е одговор на новите предизвици кои бараат зголемена, организирана и системска грижа за правилна употреба на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо.
Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, заедно со Марко Ѓоргиевски, оствари средби со граѓаните на Дебарца, во рамките на теренските активности „Рамо до рамо до победа“.
Тренчевска пред граѓаните истакна дека СДСМ во изминатиот период има резултати на секое поле, но особено се значајни резултатите постигнати во социјалната заштита и во унапредување на стандардот на граѓаните.
Низ дијалог, заедно со засегнатите страни, усвоиме методологија за раст на минималната плата, и методологија за усогласување на пензиите, кои никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја и самоволие, нагласи Тренчевска, додавајќи дека просечната плата која беше едвај 9.000 денари, денес е 20.175 денари, додека просечната пензија е зголемена за 60 отсто, стечајните работници трајно се обезбедени, гарантираната минимална помош е покачена, воведена е државна социјална пензија, породилно отсуство за земјоделките.
Тоа е нашиот влог во граѓаните и така ќе продолжиме, на дело покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, порача во Дебарца, претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.