fbpx

Ковачевски: Мицкоски да си ги среди своите ставови, ќе го поканам на средба за интеграцијата во ЕУ и односите со соседите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски мора прво да си ги среди своите ставови, јас планирам да го поканам во наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме на две теми, одлуки за интеграција во ЕУ и усогласување на ставови за односи со сите соседни држави, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одоговор на новинарско прашање.

Ковачевски потенцираше дека Мицкоски нема конзистентен став, дека често измислува фикции и наброја примери од изминатиот период каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини.

-Тој постојано измуслува фикции за неговите колеги од раководството. И прва беше дека ќе сме се бугаризирале и асимилирале, тоа не се случи. Втората беше дека јазикот ќе сме го изгубеле и тоа не се случи. Потоа зборуваше дека имал 61 пратеник за да падне Владата, излезе дека нема 61 пратеник. Па пак зборуваше дека Владата нема мнозинство дека ќе падне искочи дека владата после реконструкција има 65 пратеници. И сега ги собрал кај него во Извршен комитет и им вика слушајте Ковачевски дал оставка и овие викаат браво доаѓаме на власт. После тоа јас излегувам на телевизија и велам не сум дал оставка дека е тоа лага повторно на Мицкоски. Toj ги собира во Извршен комитет и вeли он дал ама му ја исцепал Талат Џафери. Јас после излегувам и викам Џафери го немам ни видено ниту пак ако некој дава оставка може некој да му ја цепа кога се дава оставка се дава, такво нешто нема. И сега пошто и тоа искочи дека е лага што им ја дал на Извршен комитет сега сабајле го гледам искочил и вика Ковачевски пак да си даде оставка. Едини кој што кажал дека ќе си даде оставка е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека ако еден пратеник во ВМРО-ДПМНЕ гласа дека ќе си даде оставка. Па потоа кажа да му дадат нотарски заверки дека нема да гласаат пратениците, па дека ќе гласа ако било по хрватскиот модел за да после тоа каже дека нема да гласа по ниедна цена. Така да прво од мора да си ги среди своите ставови. Јас планирам да го поканам во наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме на две теми. Првата тема ќе биде носењето на одлуки за потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, и второ усогласување на ставови за односите со сите соседни држави, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Последни вести