Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски во недостиг од идеи, во паника од извесниот пораз на изборите, продолжува со лажните вести, измислиците и конструирање случаи што полека но сигурно станува негов единствен начин на делување.
За наводни провизии околу автопатиштата Мицкоски нека си го праша менторот во Будимпешта, експерт за провизии од 5 отсто и до 15 до 18 „на целото“.
Мицкоски не може да се помири со успесите на Владата предводена од СДСМ, знае дека не може да понуди ништо што е од интерес на граѓаните и затоа останува целосно посветен на лажните вести и лагите.
Мицкоски, да не е многу со лагите? Да не се претера со лажните вести?
Скопје, 06.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА