fbpx

Пендаровски од Делчево: Само ако продолжиме напред можеме отворените перспективи за младите да ги зграпчиме со две раце

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател,  на трибина со жителите на Делчево разговараше за перспективите за младите што ги отвора напредокот, за можностите за вработување, за европските интеграции и што ќе значат тие за Делчево.

Пендаровски посочи дека ова не се обични избори, бидејќи се работи за избор дали започнатиот напредок кон НАТО и ЕУ ќе продолжи или ќе запре.

„На овие избори бираме меѓу два концепти, едниот којшто го застапувам и јас, за напредок, иднина, членство во најсилните сојузи, ЕУ НАТО, и вториот кој го застапува опозицијата и кој ќе не врати во времето на Груевски.

Важно е да продолжи овој концепт кој дава резултати. Се сеќавате и во 2014 кога ни ја украдоа победата, сега е време да си ја потврдиме на слободни и фер избори. И сега нашиот број е 3. Ќе победиме затоа што заедничкиот избор на мнозинството граѓани е напредокот. Само ако продолжиме напред можеме отворените перспективи за младите да ги зграпчиме со две раце. Само ако продолжиме кон НАТО и ЕУ можеме да им гарантираме идината“, рече Пендаровски.

Испуштивме, рече Пендаровски во Делчево, многу години расправајќи за историјата, а не создававме услови за живот и просперитет особено за младите.Кога дојде оваа Влада затекна празен трезор, немаше пари за пензии и плати, а сега финансиите се стабилизирани.

Пред неколку дена, рече, сите ние бевме сведоци на историскиот исчекор во пријателските односи со соседна Грција. Не посетија повеќе од 80 бизнисмени и министри кои се заинтересирани да вложат во нашата држава. Ние мора да ја искористиме оваа шанса.

Интеграцијата во НАТО и Европската Унија значи повеќе инвестиции,  отворање нови работни места, можности за основање на сопствени бизниси,   сигурност за нашите деца. Нашата држава мора да оди напред, мора да изгради нова и просперитетна иднина со силна економија. Да не се враќаме во минатото туку да остваруваме нови успеси. Одиме заедно напред“, рече Стево Пендаровски.

Последни вести