fbpx

Трибина „Резултати што прават разлика“: Додека Скопје мака мачи со јавниот превоз, Струмица станува прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Костадинов ги презентираше идните проекти на општина Струмица што имаат за цел да ги унапредат инфраструктурата и сообраќајот во општина Струмица.

„Додека Скопје како главен град во државата кубури со јавниот прево, Струмица веќе распиша јавна набавка и ќе биде првиот град на Балканот што ќе има целосно електрифициран јавен превоз. Набавуваме електробуси и тоа навистина е придобивка и за младите и за повозразните и за сите категории граѓани. Паралелно со тоа работиме и на стекнување на енергетска независност на нашата општина“ порача Костадинов.

Членот на Централниот одбор на СДСМ, Томе Христовски истакна дека Крушево во последните неколку години во соработка со централната власт сериозно инвестираше во развој на патната инфраструктура.

„Кога ја наследивме општина Крушево, таа беше буквално на колена, инфраструктурата беше во лоша, хаотична состојба, се газеше во кал до колена. Од 2017 година до денес, секако со поддршка од Министерството за транспорт и врски, реализиравме околу 50 километри локални улици и регионални патишта. Крушево денес се гради и развива во секој поглед од општественото живеење“ порача Христовски.

Последни вести