fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Долнени, Велес и Ресен: Изборот е интеграција или изолација, Мицкоски да каже што одлучил: ЕУ или Левица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во рамките на теренските активности на СДСМ, под мотото „Рамо до рамо, до победа“, денеска со граѓаните на Долнени беа Оливер Спасовски и Мелиса Ц. Серафимовска, во Велес, Каја Шукова, а во Ресен Хари Локвенец и Борче Петковски.

СДСМ има резултати коишто навистина прават разлика, а тоа граѓаните на Долнени многу добро го знаат. Со одговорен, партнерски однос со тутунопроизводителите оваа година обезбедивме рекорденни откупни цени на тутунот.

-Постигната е рекордна цена од 290 денари за килограм произведен и предаден тутун. Вкупната вредност на предадениот тутун изнесува 100 милиони евра, плус обезбедивме и исплативме 26 милиони евра директни субвенции кон тутунарите. Тоа вистинска грижа, рече Спасовски пред граѓаните на Долнени.

Спасовски рече дека на меѓународен план и во исполнување на стратешките интереси на земјата СДСМ има направено најмногу а сега е време за исполнување на уште цел, членство во ЕУ.

-Како држава и како народ имаме историска шанса која што треба да ја искористиме. На чекор сме од реализација на уште една стратешка цел, членството во ЕУ. Сега е време за одговорност пред граѓаните и европската иднината на државата од сите партии, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ. Изборот е интеграција или изолација, рече Спасовски.

Глас за Европа во македонското Собрание е глас за продолжување на европскиот пат. Мицкоски да не крие туку да ги среди ставовите, да излезе пред граѓаните и да каже што одлучил, ЕУ или Леица, рече членката на ИО Мелиса Ценовска Серафимовска.

Рамо до рамо го граѓаните на Велес беше Каја Шукова, која се осврна на успешните политики на СДСМ.

Во време на светска енергетска криза, обезбедивме непречено снадбување со струја, ги заштитивме граѓаните од ценовни шокови, рекордно се зголеми домашното производство на електрична енергија, нагласи Шукова, додавајќи дека инвестициите во обновливи извори на електрична енергија освен што ја зајакнуваат енергетската независност позитивно влијаат и врз заштита на животната средина.

Во Ресен беа Хари Локвенец и Борче Петковски каде истакнаа дека со изградба на коридорите 8 и 10 Д се реализира еден стратешки проект на кој се чекаше со децении.

По 30 години зборување, почнува изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д, со кои државата станува вистинска балканска крстосница. Проектот е вреден 1,3 милијарди евра од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат во домашни градежни компании. Покрај подобро поврзување со соседите и меѓу општините, овој проект носи придобивки за компаниите, нови работни места и раст на БДП од 2 отсто годишно во наредните пет години, порача Локвенец, во Ресен.

Последни вести