fbpx

Рамо до рамо со граѓаните на Центар: СДСМ ја носи земјата напред, ВМРО-ДПМНЕ кочи и ги уназадува општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев заедно со членката на Извршниот одбор, Милена Стефановиќ беа меѓу граѓаните на општина Центар.

-Имаме историска шанса да успееме во нашата цел за членство во ЕУ која мора да ја зграпчиме. Изборот е ЕУ интеграција или изолација. Членството во ЕУ отвора свет на можности за граѓаните, за младите пред се. Во образованието, пристап до престижни универзитети и стипендии низ земјите-членки, поттикнувајќи нови хоризонти. На економски план мноштво можности за подобри работни места и повисоки плати, пристап до најголемиот пазар за компаниите. Европските можности да бидат наши, македонски, сами да си ја обликуваме иднината, рече потпретседателот Богоев.

СДСМ е вклучен и одговорен за секој државен и национален успех од денот на независноста па до денес. Со нашите државнички одлуки успеавме да ја внесеме државата во НАТО, да започнеме преговори со ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет. СДСМ е предводник на концептот за Европска Македонија и ќе биде партијата што ќе ја внесе земјата во ЕУ, порача Богоев.

Потпретседателот Богоев се осврна и на катастрофалната состојбата во Скопје што ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ и работата на градоначалниците.

– За само една и пол година, ВМРО-ДПМНЕ успеа да го донесе Скопје во хаос, да има нефункционални јавни претпријатија, смет на многу места, неискосени тревници, змиии а општините што ги предводи да ги задолжи и целосно да ги партизира. Граѓаните многу добро се потсетија што значи ВМРО-ДПМНЕ на власт. За разлика од нив градоначалниците од СДСМ на дело покажуваат што значи одговорна и посветена работа за граѓаните. Меѓу нив секако е и нашиот другар Горан Герасимовски кој не само што реализира проекти од програмата, туку оди и чекор понатаму. Во време на светска енергетска криза заедно со Советот од нула општина Центар создаде претпријатие за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, со што општина Центар ќе биде првата енергетски независна општина во државата, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

Последни вести