fbpx

Пендаровски од Свети Николе: Ги отворивме портите на светот, продолжуваме Заедно напред!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните на Свети Николе потсети на историската посета која ни се случи пред два дена, кога ни дојдоа стотина важни личности од политичкиот и економскиот свет во Грција.

„ Свети Николе има голем земјоделско-сточарски потенцијал. Откога го решивме спорот со името на земјава и се отворија нови перспективи. Порасна економијата, порасна просечната плата, се намали невработеноста. Позитивните резултати во земјава беа видливи по нецела година од Преспанскиот договор, видливи се и денес.

За нас, рече Пендаровски, допрва следува отворањето на европските фондови кои ќе донесат нови инвестиции нови работни места но и конкурентно земјоделство, пораст на откупните цени и стабилизација и сигурен откуп, а тоа е најважно за земјоделците, посочи Пендаровски.

Пред присутните, Пендаровски се осврна и на понудата на претстојните избори.

„Ако некој мисли дека Гордана Силјановска нуди нешто различно од Иванов, се лаже, ако некој мисли дека Мицковски нуди нешто различно од Груевски, се лаже. Ние, заедно со премиерот Заев, заедно со сите прогресивни сили ги отвораме портите на светот за нашата држава“ рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Затоа да продолжиме заедно напред, напред кон напредок, развој и интеграција, повика Пендаровски.

 

 

Последни вести