Соопштение за јавност
Централниот караван на коалицијата Заедно напред! Денес ќе биде на средби со граѓаните на Чашка, Лозово и Охрид и граѓански трибини во Свети Николе и Велес.
Во текот на денешниот ден (04.04.2019, четврток), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Чашка во 15.00 часот, а во 16.30 часот, ќе се сретне со граѓаните од општина Лозово.
По средбите со граѓаните на Чашка и Лозово, во 18.30 часот на градскиот плоштад Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Свети Николе.
Подоцна, со почеток во 20.10 часот, на Амфитеатар во Велес, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на општина Аеродром на која ќе се обрати Стево Пендаровски. На оваа трибина ќе се приклучи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Истовремено делегација на СДСМ предводена од потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски од 16.30 часот ќе биде со граѓаните на Охрид.
(пренос во живо ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)